Фестивалот за детски песни Jабочиња е осниван на 01.06.1996 во Tетово. Почетоците на фестивалот не беа тешки бидејки се работи за град кој е со традиција кога е во прашање музиката и хорското пеење. Со помош на сите музичари од град Тетово како што се Љупчо Цветковски, Анание Видоески, Ване Несторовски, Тони Поповски-Попе, Никола Димовски – Т`мница на кои им лежи компонирањето и аранжирањето на песните првите снимки се правеа кај Тони Поповски – Попе во неговото студио кое за тоа време беше најдобро опремено за снимање на аудио записи.

Накратко за сите кои продефилирале на овој детски фестивал, а сега се занимаваат и живеат од музиката се: Магдалена Ена Цветковска, Лазар Цветковски, Гоце Симоноски, Јован Василевски, Милан Миланов – Коса, Дамир Ибраимовски и уште многу други кој сега се во зенитот на Макдеонската забавна музика!

На јаболчиња имаат учествувано како соло пеачи преку 600 учесници и преку 10000 хористи учесници што би се рекло фестивалот е со традиција и неговото постоење од преку 21 година е доказ дека е еден од најдобрите во Македонија.

Горе